Албанскиот премиер

Рама во Приштина: Обвинението против Тачи е срам на 21 век

Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека обвинението против косовскиот претседател Хашим Тачи ќе влезе во историјата како „срам на 21 век во историјата на правдата“.

EPA-EFE

Рама пристигна во Приштина каде го почна состанокот со претседателот на партијата Социјалдемократска иницијатива Фатмир Љимај, а на Твитер напиша дека таму е да слушне и дознае повеќе по „специјалниот удар на гром кој ќе влезе како срамна дамка на 21 век во светската историја на правдата, која практиката на јавно обвинение без правно обвинение ја познавала само во епохите на идеолошките влади или пред нив“.

Премиерот на Албанија денес и утре ќе има средби со лидерите на институциите и политичките партии на Косово.

Како што дознава Коха, Рама по средбата со Љимај треба да се сретне со лидерите на Движењето Самоопределување Аљбин Курти, на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа и на Демократската партија на Косово Кадри Весељи.

Предвидени се и средби со претседателот на Косово Хашим Тачи, премиерот Авдулах Хоти и претседателката на парламентот Вкоса Османи.

Средбата на Рама и Тачи е закажана за 18:50 часот, непосредно пред обраќањето на Тачи до граѓаните на Косово за обвинението на Специјалното обвинителство во Хаг.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе