Коментирајќи го обидот за палење на државното знаме на Србија на протестот против самитот на иницијативата Отворен Балкан и доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ во Албанија, Рама наведе дека „вистината е дека тој ден кога го посетил Белград, главниот град на Србија беше полн со албански знамиња“ и дека „хулиганите кои ги палеле знамињата ги уапсила полицијата“.
„Вистината е дека во Белград зборувам албански и ги бранам интересите на сите Албанци и нормално Албанија, вистината е дека во Белград на Албански побарав признавање на Косово од Србија, баш во претседателската палата, и тогаш ме правевте херој, но јас тогаш не бев херој и не сум предавник сега, бев едноставно премиер на Албанија“, напиша Рама на Фејсбук.
Околу критиките на сметка на Отворен Балкан, Рама кажа дека таа не само што е иднина за децата од регионот, туку дека има стратегиски интерес за државата и целиот албански народ.
На вчерашниот протест кој траеше два часа лидерот на албанската опозиција Саљи Бериша иницијативата Отворен Балкан ја опиша како проект на Белград лија цел е српска хегемонија во регионот, обвинувајќи ги Вучиќ и Рама дека се обидуваат да ја уништат независноста на Косово.