Рама, на прашањето дали е можно денес да се најде решение за косовското прашање, кажа дека би сакал Европската Унија да има таква магична моќ, но дека тоа не е случајот. Истакна дека дијалогот е тежок и дека е потребно време.
„Западниот Балкан никогаш не бил подобар во својата историја, а особено Албанците, и во Албанија и на Косово“, истакна тој.
Рама, на прашањето за важноста на тоа што самитот се одржува во Тирана, кажа: „Тука е рокенрол, а во Брисел само симфонија, и затоа сите се среќни што се тука“.
На прашањето дали Србија ќе ја потпише планираната декларација на крајот на самитот, кажа дека не е информиран дека постои каков било проблем.