Албанскиот премиер

Рама: Српските фирми се добредојдени, но не во стратегискиот сектор

Српските претпријатија се добредојдени во Албанија, но не во стратегискиот сектор, како телекомуникациите, изјави албанскиот премиер Еди Рама, објсанувакќи зошто Тирана ја одби понудата на Србија за купување на Телеком Албанија.

„Ставот на албанската влада е многу едноставен и јасен: српските претпријатија се добредојдени во Република Албанија, но во овој стратегиски сектор не се нашиот избор“, изјави Рама на конференција за новинарите, по седница на владата, пренесуваат албанските медиуми.

Телеком Србија покажа интерес за купување на Телеком Албанија, кој Дојче телеком го понуди на продажба.

Понудата на Телеком Србија била 60 милиони евра, пишува Танјуг.

Рама кажа дека албанската влада не е дел од таа трансакција на Дојче телеком, кој, според него, има намера да се повлече од малите пазари.

Албанските медиуми претходно објавија дека Телеком Србија не е добредојден во Албанија.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе