Двајца уапсени за солзавецот за време на концертот

Рама: Средновековна хистерија против Бреговиќ

Албанската полиција уапси две лица поради фрлање на солзавец за време на концертот на музичарот Горан Бреговиќ кого многумина во таа земја го критикуваат што не ја осудил војната на Косово од 1998-1999.

EPA-EFE

Во соопштението на полицијата се наведува дека 21-годишниот Редон Лека е уапсен за фрлањето канистер со солзавец додека Бреговиќ настапуваше на пивскиот фестивал во албанскиот град Корча.

Другиот човек бил уапсен кога се обидел да ја спречи полицијата да го одведе Лека.

Бреговиќ не престанал да пее, но солзавецот предизвикал паника меѓу некои гледачи. Присуството на Бреговиќ предизвика национална расправа, а некои го осудија што не истапил против наводните српски злосторства извршени над Албанците во соседно Косово. Други кажаа дека уметниците не треба да се мешаат во политиката.

Албанскиот премиер Еди Рама ја осуди критиката на Бреговиќ како „средновековна хистерија“ кон „еден од најисклучителните музичари на Балканот“.

Рама кажа дека музичарот ништо не кажал против Албанците и дека никогаш не го поддржувал српскиот режим за време на војната.

„Тоа е фашистичка хистерија, срамна за албанското европско граѓанство, за нашата историја и традиција“, напиша Рама на Фејсбук.

Бреговиќ ја посети Албанија во 2006 и одржа концерт, и од Рама, кој тогаш беше градоначалник на Тирана, доби симболичен клуч. Тогаш неговото гостување не предизвика инциденти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе