Албанскиот премиер

Рама: Србија да не се чувствува нападната ако Тирана и Приштина ја јакнат соработката

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави во Познањ, Полска, дека Србија не треба да се чувствува нападната ако Тирана и Приштина ја јакнат меѓусебната соработка.

По состанокот на премиерите на земјите-учеснички на самитот на западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, Рама на новинарите им кажа дека сака да види и јакнење на соработката на Србија и Албанија во сите правци.

Министерот за ЕУ и надворешни работи на Албанија Гент Чакај и косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли потпишаа во вторникот договор за обединување на дипломатските и конзуларните мисии и стратегиска кооперација на надворешните политики.

На прашањето за ставот на Белград дека најновиот договор на Албанија и Косово претставува напад врз регионалната стабилност, Рама кажа дека Приштина и Тирана никого не напаѓаат, туку само ја јакнат меѓусебната соработка.

„Би сакал и да ја јакнеме и соработката со Србија во сите правци. Не гледам зошто Србија би се чувствувала нападната. Треба да се чувствува мотивирана и поттикната да соработува со нас“, кажа Рама.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе