Албанскиот премиер

Рама со снимки од УЧК и бомбардирањето на Србија. Србите не ги бомбардираа ни Тачи ни Весељи (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди рама на својата фејсбук страница објави видео од својот говор во парламентот по објавувањето на обвинението против косовскиот претседател Хашим Тачи и поранешниот претседател на косовското собрание Кадри Весељи.

EPA-EFE

Тој говорот го илустрираше со снимки од војната од УЧК и бомбардирањето на Србија во 1999 од страна на НАТО.

Рама им изрази целосна поддршка на поранешниот лидери на УЧК, а неговата посета на Приштина очигледно е посветена на собирање политички поени на национални мотиви.

„Заморно е броењето на повоените изјави за потребата од формирање на новиот суд. Србите не ги бомбардираа ни Тачи ни Весељи. Демократскиот свет не е агресот, а Тачи и останатите се побунија против агресорот. Тоа е фактот“, кажа Рама пред пратениците на последната седница на албанскиот парламент, пренесува Коха.

Во описот на видеото Рама напиша: „Добро утро од Приштина, ви посакувам на сите добар ден“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе