Рама: „Си играте со оган“

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека локалните избори, закажани за 30 јуни, ќе бидат одржани на територијата на целата земја.

Тој им порача на оние кои „го нарушуваат“ тој процес дека „си играат со оган“.

Рама за Радио Слободна Европа (РСЕ), во врска со институционалната и политичката криза што ја тресе Албанија поради несогласувањата меѓу него и претседателот Илир Мета околу датумот за одржување на локални избори, истакна дека решението е јасно, како и дека го поддржува целата меѓународна заедница.

„Народот има право да бира на денот определен со Уставот и законот и политичарите имаат обврска да излезат пред народот. Кој не излезе пред народот, слободен е тоа да го направи, но историјата покажа дека не само што со тоа ништо не добива, туку напротив, плаќа голема политичка цена“, истакна Рама.

На тврдењата на опозицијата дека нема да има избори, тој рече дека станува збор за „очајнички напори кои немаат никакви шанси да ја суспендираат основата на правилата на демократски соживот“.

„Не е проблем тоа што јас инсистирам да одиме на избори, јас инсистирам да се почитува Уставот и правото на граѓаните да бираат“, истакна Рама.

Албанскиот претседател Илир Мета пред две недели ги одложи локалните избори, образложувајќи ја таквата одлука со „длабоката политичка криза“ што владее во земјата, и изрази загриженост од улични нереди.

Албанската опозиција денеска ќе го одржи деветиот протест на „обединетата оппозиција“, а нејзиниот лидер Љуљзим Баша од Демократската партија изјави дека нема да се откаже од барањето за оставка на Рама, формирање преодна влада и распишување предвремени парламентарни избори.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе