Рама: Сфаќате или не? Договорот со Белград ќе овозможи обединување на Косово со Албанија

Албанија го охрабрува постигнувањето на финален договор меѓу Белград и Приштина, бидејќи тој ќе овозможи обединување на Албанија со Косово, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Рама во емисија на приштинска телевизија зборуваше за конечниот договор на Косово и Србија и во таа прилика, како што пренесува сајтот Зери, кажа дека Тирана го охрабрува неговото постигнување, што го поддржуваат и САД и Европската Унија, а кој ќе овозможи обединување на Албанија и Косово.

„Мојот став е дека конечниот договор меѓу Србија и Косово кој ќе резултира со признавање на Косово и конечно одвојување од историјата со Србија, признаен и гарантиран од Соединетите Држави и Европската Унија, е договорот што го сакаме“, кажа Рама.

Според Рама, Албанците не се тука да им делат лекции на САД и Германија, ниту пак „да го креваме носот и да му кажуваме на Косово што да прави“.

„Ние сме тука за да го поддржиме договорот и јас сум тука за силно да го поддржам договорот кој го поддржуваат оние што му ја вдахнаа на Косово слободата и демократијата. Косово не го ослободи (претседателот на Албанија) Иљир Мета, туку оние кои денес имаат права и задачи, САД и ЕУ, да ги поттикнат двете страни на конечен договор и врз основа на тој договор да се обедини Албанија со Косово“, кажа албанскиот премиер и праша: „Дали тоа го сфаќате? Со кого јас тука разговарам, со кого?“.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе