„Шаховска табла на руските геостратегиски интереси“

Рама: Русија ја користи врската со Србија како пион на шаховска табла

Премиерот на Албанија Еди Рама за италијанска Република кажа дека Русија „ја користи врската со Србија како пион на шаховска табла“.

Тој кажа дека меѓу турското и руското влијание на балканот има „важна разлика“ во тоа што Турција „не се обидува да им наметне ништо на балканските земји“.

Рама кажа дека со Србија е можна соработка и покрај тоа што Косово е „точка на несогласување“.

На прашањето зоѓто Балканот е постојано мета на Русија, Турција, автократските сили кои тука сакаат да спроведат дел од своите геополитички ривалства Рама одговори:

„Постои важна разлика, според нас, меѓу Турција и Русија, Ние, Албанците, Турција ја гледаме како држава од регионот, која се обидува да ја игра својата улога без да им наметнува што било на балканските земји“.

Тој истакна и дека Турција е „земја која е врзана со евроатлантската перспектива“.

„Русија има врска со Србија, со словенскиот свет, но ја користи таа врска како да станува збор за пион на шаховската табла на руските геостратегиски интереси“, оцени Рама.

Тој на прашањето да објасни што значи неговото тврдење дека по војните од 90-тите години од минатиот век балканските земји се трансформираат „од непријатели во соседи“ и каков однос има Албанија со Србија, потсети дека „пред четири години бил првиот албански премиер кој го посетил Белград од 1946“ и дека „претседателот (на Србија Александар) Вучиќ бил првиот кој ја посетил Албанија во последните 60 години“.

„Работиме на амбициозен план со цел укинување на царинските стапки, олеснување на трговијата и тоа чекор по чекор ќе ни помогне во надминувањето на нашите разлики и решавањето на нашите спорови. Косово е точка на несогласување, но не се занимаваме со тоа, можеме да соработуваме“, кажа Рама.

Тој кажа и дека „Албанија и Албанците остануваат земја и народ најнаклонети на Европа“.

„И тоа не само затоа што сакаме да станеме полноправна членка на политичкиот и економски блок кој го чувствуваме како свој дом и кој ќе помогне на нашиот развој, нашата стабилизација. Тоа е затоа пто Балканот и понатаму е регион во кој сеќавањето на европските војни и понатаму е живо. Историјата може да се повтори, а ЕУ беше создадена и го должи својот успех на тоа што им гарантираше на европските народи мир и просперитет незабележан во минатото“, истакна албанскиот премиер.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе