Албанскиот премиер

Рама: Опозицијата утре ќе го добие финалниот удар

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека опозицијата порача дека опозицијата утре на локалните избори во земјата ќе го добие „финалниот удар“.

Рама кажа дека тоа ќе означи крај на политиката која ја држела албанската држава како заложник 30 години.

Изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“, која ја предводи Социјалистичката партија на Еди Рама синоќа во албанскиот град Валона го одржа завршниот митинг пред локалните избори во недела, 30 јуни.

Рама ги предупреди градоначалниците во заминување од опозициската Демократска партија да не ги слушаат наредбите на нивниот партиски шеф Љуљзим Баша.

„И покрај нивните напори да ги блокираат општинските изборни тела, тоа нема да им успее“, кажа Рама.

Тој кажа дека опозициските Демократска партија и Социјалистичко движење за интеграција станале „насилнички организации“, а не го поштеди од критики и иронија ни претседателот Илир Мета.

„Не видовме дека претседателската резиденција се претвори во епицентар на една имагинарна револуција, а дека претседателот се појави како „воскреснат Хаџи Камил“. Никогаш претходно Албанија не била предмет на координиран напад кој сака да посее ужас во секое семејство, да го уништи имиџот на земјата, достоинството во очите на светот“, кажа Рама.

Опозицијата нема да учествува на утрешните локални избори бидејќи, меѓу другото, бараат оставка од Рама и формирање предона влада која ќе распише општи избори.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе