Албанскиот премиер

Рама: „Огорчен сум, Косово беше заробено во пеколот на Милошевиќ“

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека е огорчен што Специјалното обвинителство во Хаг поднесе обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи.

EPA-EFE

Тој најави дека ќе „излезе“ со јавна реакција за сите Албанци.

„Откако ја примив веста... и ги прочитав имињата на наводните злосторници на ослободителната војна на Косово, но не успеав да формулирам вистински реченици за да го изразам негодувањето“, кажа Рама.

„Ќе зборувам јавно со порака за сите Албанци, но сум и ќе останам до крај заедно со сите оние кои со оружје се бореа за Косово заробено во пеколот на Слободан Милошевиќ“, кажа албанскиот премиер.

Специјалното обвинителство поднесе обвиненија против Хашим Тачи, Кадри Весељи и уште неколку раководители на УЧК, а потоа специјалниот претставник на САД за дијалогот на Белград и Приштина Ричард Гренел соопшти дека Тачи се откажал од патувањето во Вашингтон на средбата закажана за 27 јуни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе