Рама: Од пролет границата со КиМ според режимот на Шенген зона

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека на пролет границата меѓу Албанија и Косово ќе биде отворена според критериумите утврдени за Шенген зона, објави Коха Диторе.

Рама на новогодишниот прием во Тирана ги повика амбасадорите да не ја „деформираат целта на тие мерки врз основа на националниот фолклор од минатото“.

„Она што ќе го направиме е многу едноставно. Го зедовме целиот режим на Шенген, го преведовме од почеток до крај, почнавме многу детален технички процес меѓу Министерството за внатрешни работи на Албанија и Косово, за да ја гарантираме слободата на движење, која денес е апсурдна, не доведувајќи во прашање ниту еден стандард на гаранции што ги даваме како земја која е дел од визната либерализација“, рече Рама.

На тој состанок, Рама најави дека Шенген системот наскоро ќе се воспостави и со Македонија и изрази надеж дека тоа во блиска иднина ќе се случи и со Црна Гора.

На новогодишниот прием на амбасадори присуствуваа и амбасадорите на Русија и Србија во Албанија, Александар Карпушин и Мирољуб Зариќ.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе