Рама од Приштина ја нападна Србија: Поразени сте на бојното поле (ВИДЕО)

Премиерот на Албанија Еди Рама ја нападна Србија по средбата со косовскиот премиер Аљбин Курти во Приштина.

EPA-EFE

Тој ја обвини Србија дека „прави театрални маневри на северот на Косово“.

„Нема сомнеж дека на првото место и пред сè Србија е таа која мора да ја признае оваа неповратна реалност, и навистина е жално што, наместо конкретен напредок на дијалогот кон заемно признавање и конечно ослободување од минатото, денес сме сведоци на театрални воени маневри на Србија на границата со суверената држава Косово“, кажа Рама.

„Тие маневри всушност не ги штитат граѓаните Срби на северот на Косово, како што тврди официјалното белградско раководство, дури ни некои духови на генералите на поразената војска на бојното поле, пред повеќе од 20 години, кои изгледа излегле од гробот со тврдење дека се штити интегритетот и безбедноста на граѓаните на Србија на Косово“, кажа тој.

Тој спомна и дека владата на Косово им ја плаќа струјата на Србите на северот.

„Всушност, српските граѓани на Косово живеат без какво било загрозување, дури се зборува дека владата на оваа земја им ги платила сметките за струја, што никој никаде не го прави, не само на Балканот туку и во светот“, кажа албанскиот премиер.

Рама истакна дека не разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ по повод ситуацијата на северот на Косово, додавајќи дека е на страната на Приштина. Истакна дека Косово е целосно во права околу реципроцитетот со регистарските таблички со Србија, но и дека дијалогот е единственото решение за ова прашање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе