„Приштина во шок“

Рама објави видеоснимка со мапа на Косово во рамките на Србија (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама на својот профил на Фејсбук објави видео во кое во еден момент се прикажува мапа на која Косово е во рамки на Србија. Косовските медиуми истакнуваат дека „Приштина е во шок“.

„Премиерот на Република Албанија Еди Рама тукушто објави мапа на која Република Косово е во рамки на територијата на Србија“, јави приштинска Газета експрес.

Рама вообичаено на своите следачи на Фејсбук им посака добро утро на социјалната мрежа со снимка која покажува мапа на работите и инвестициите во обезбедувањето 24-часовно снабдување со вода во руралните области, како што наведе, „од северот до југот“ на Албанија.

„Она што загрижува, како што можете да забележите, е што територијата на Република Косово е ставена во Србија“, пишува Газета експрес.

Откако бил објавен „скандалот“, Рама ја смени снимката па целата мапа не може да се види.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе