Рама: Не ни треба радикализирана Србија, дозволете да им бидам брат и на едните и на другите

Премиерот на Албанија Еди Рама кажа, по повод на објавата на косовскиот вицепремиер Бесник Бисљими во која го означи како „просрпски политичар“, дека е многу повеќе од тоа, пренесуваат албанските медиуми.

EPA-EFE

„Што се однесува до моето просрпство, јас сум повеќе од тоа. Јас сум брат на (српскиот претседател Александар) Вучиќ, но мојот став е дека не ни е потребна радикализирана Србија, а особено во денешен контекст. А ако го видите количеството смеа и самоиронија кога јас и (косовскиот премиер Аљбин) Курти сме заедно ќе кажете дека не сум му брат на Вучиќ туку на Аљбин. Дозволете да им бидам брат и на едните и на другите“, кажа Рама.

Рама порача дека сите партии на Косово треба да ги засилат напорите овој дел од Европа да се интегрира, бидејќи е најзаостанат.

„Конечното решение е признавање на Косово од страна на Србија и правичен мир кој им припаѓа на косовските Албанци“, порача Рама.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе