Албанија

Рама ја повика опозицијата на дијалог: Можете да ги загрозите изборите, доколку продолжите на патот без враќање

Албанскиот премиер Еди Рама го направи првиот чекор кон решавање на политичката криза во таа држава, повикувајќи го , со отворено писмо, опозицискиот лидер Љуљзим Баша на дијалог.

Во писмото Рама наведува дека нема разбирање за патот што го одбра опозицискиот лидер, ниту за откажувањето на пратеничките мандати и насилството што го поттикнува, кое, како што наведе, било осудено од целиот свет.

Поради тоа, истакна Рама, чувствува обврска јавно да му се обрати на својот политички конкурент, да го почнат дијалогот без губење време.

„Изборите закажани за 30 јуни вие можете да ги загрозите, доколку продолжите по патот без враќање, каде што ја водите вашата политичка групација, но не постои ни најмала можност да го блокирате изборниот процес“, порача Рама.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе