„На Брисел му недостига капацитет да го одржи зборот“

Рама: ЕУ не може да го реши косовското прашање

Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека изгледа дека Европската Унија нема ни волја ни капацитет да го реши косовското прашање во дијалогот на Белград и Приштина. Рама оцени дека ЕУ „често не си стои на зборот“.

Рама на конференцијата „Американската политика на западниот Балкан“ зборуваше за односите на Албанија со САД и во таа прилика изнесе неколку забелешки на сметка  на Европската Унија околу решавањето на косовското прашање.

Тој истакна дека ЕУ е сѐ уште далеку од решавање на проблемот со Косово.

Од друга страна, САД во меѓувреме ги именуваа Метју Палмер и амбасадорот Ричард Гренел како специјални претставници, што, според Рама, укажува дека кај нив постои интерес тоа прашање да биде решено.

„Интересот на ЕУ околу ова прашање е значително намалено и верувам дека тоа им е на сите јасно, особено по одлуката на Европската комисија од 18 октомври“, кажа Рама.

Толку време мина, кажа албанскиот премиер, а ЕУ веќе не го ни спомнува „случајот на Косово“.

„Постојат случаи кога ЕУ не си стои на зборот, а случајот на Косово е еден од најважните примери кој покажува дека на Брисел му недостига капацитет да го одржи зборот“, кажа Рама.

Во прилог на тврдењето дека ЕУ не го остварува кажаното, Рама го истакна претходното ветување на Брисел дека на Приштина ќе ѝ одобри либерализација на визниот режим, ако го склучи договорот за демаркацијата со Црна Гора.

Рама кажа дека е апсурдно „двата милиони Албанци кои секојдневно ја минуваат границата да бидат заложници на Брисел“ кој досега, како што кажа, ги либерализирал визите за 100 милиони луѓе кои живеат на територии кои не се во никаков преговарачки процес.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе