Албанскиот премиер

Рама: Единственото вистинско решение е целосно признавање на Косово

Албанскиот премиер Еди Рама изрази надеж дека Белград и Приштина ќе најдат решение, за кое вели дека од аспект на Тирана би било целосно признавање на независноста на Косово.

Тој во интервјуто истакна дека има разбирање за напорите на претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„Се надевам дека преговорите наскоро ќе бидат завршени, имам многу симпатии и разбирање за напорите на претседателот Вучиќ. Тоа се болни напори да влезете во тој процес и да одите кон решение. Нормално, ние се согласивме дека околу тоа не се согласуваме, а моето мислење е дека единственото вистинско решение е полно признавање и дека тоа е единствениот начин да ги решиме крвавите конфликти и тепкото минато“, кажа Рама.

Како што додаде, смета дека сѐ е во рацете на двете страни.

„Албанија е заинтересирана за решение, но ние никогаш не зборуваме во име на Косово, туку во корист на Косово. Знам дека нашите ставови не се пријатни за слушање во белград, но тие се такви“, кажа албанскиот премиер.

Кога се во прашање апсењата на Србите на Ксоово, и дали тоа значи „чекор напред, назад два“, Рама вели дека сѐ зависи од тоа „како гледате“.

„Од српски аспект тоа е така, од аголот на Приштина е обратно. Белград така се однесува. Тоа само значи дека дијалогот не е лесн, сите тие настани се дел од природниот пат по кој мора да се мине кон помирувањето. Знам дека не му е лесно на мојот пријател, претседателот на Србија, но јасно му е и нему а и мене дека не можеме да останеме во оваа нерешена ситуација в која двете страни го оставаат проблемот на нашите деца. По договорот ќе имаме поинаква иднина“, истакна Рама.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе