Рама: Дијалогот на Белград и Приштина ќе заврши со признавање

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека дијалогот на Белград и Приштина мора да заврши со меѓусебно признавање, за потоа и останатите земји верижно да ја признаат косовската независност.

„Ако (Аљбин) Курти стане премиер со него Србија, сакала или не, ќе нора да преговара“, кажа Рама во Нови Сад, каде учествуваше на трилатералната средба на Србија, Албанија и Македонија.

Во интервју за албанската телевизија Кљан, Рама оцени дека без сомнеж Аљбин Курти денес го претставува изразот на волјата на косовските гласачи.

„И ако ја преземе власта на Косово тој ќе биде легитимниот премиер со кого Србија, сакал или не, ќе мора да комуницира, ќе треба да најде начин за структуирање на процесот на дијалог, кој не може да се замисли без владата и новиот премиер на Косово“, кажа Рама.

Според него, Курти е спремен да ја преземе одговорноста, и додаде дека косовските политичари имаат обврска „да го туркаат напред дијалогот кој несомнено мора повторно да се придвижи, реструктуира и јасно да се фокусира на неговото завршување – со признавање на Косово“.

Потоа, според Рама, би следело верижно признавање на косовската независност од другите земји.

Тој потсети дека лично секогаш бил против размена на територии како начин со кој се скратува патот на еден процес кој е многу покомплициран.

„Меѓутоа, од друга страна, кажав и повторувам дека е незамисливо да се дојде до заклучок доколку нема визија и доколку нема волја за договор за граничната линија“, истакна албанскиот премиер.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе