По почетокот на вакцинирањето во Албанија

Рама: Да го чекавме Ковакс, којзнае колку ќе траеше тоа

Албанија вчера ја почна вакцинацијата против коронавирусот благодарение на донацијата од 975 дози од неименувана членка на Европската Унија. Вакцината меѓу првите ја прими премиерот Еди Рама кој повтори дека нема одобрување да каже која членка на ЕУ ѝ ги дала на Албанија првите вакцини.

EPA-EFE

Рама, вакциниран по директорот на инфективните клиники, истакна дека ја примил вакцината „не само за да покаже дека е безбедна, туку и дека е оружје за убивање на невидливиот непријател“.

Како и неколку други држави од регионот Западен Балкан, Рама се пожали дека ЕУ го запоставила регионот околу прашањето на вакцините.

„Се покажа дека стратегијата и насоката кои ЕУ ги постави за инвестирање во програмата Ковакс се неодредени во времето. Да го чекавме Ковакс, и понатаму ќе чекавме и никој не знае колку би траело тоа“, кажа Рама.

Владата на Албанија нарача 500.000 дози од вакцината на Бајонтек/Фајзер, од кои првите 10.000 треба да стигнат следната недела.

Светската здравствена организација вчера ги повтори молбите до произведувачите да обезбедат вакцини против ковид-19 за Ковакс програмата наменета за сиромашните земји, а функционерите кажаа дека надежите за почеток на имунизацијата во февруари зависат од пристапот до резервите.

Програмата Ковакс, која ја поддржуваат СЗО, сојузот за вакцинација ГАВИ и Коалицијата за епидемиолошка готовност, досега собрала шест милијарди долари и нарачала две милијарди дози вакцини против ковид-19 со опција за уште милијарда дози.

Откако првите испораки на вакцините беа испратени во земји како САД, Израел и Британија, СЗО стравува дека поради недостигот од резерви 92 држави со слаби или средни приходи нема да имаат доволно дози ни за вакцинирање на медицинските работници.

„Очекуваме и уверени сме дека во тие земји вакцинацијата треба да почне во февруари“, кажа високиот советник на СЗО Брус Ајлворд на конференција за новинарите. „Меѓутоа, ние тоа не го можеме сами. Потребна ни е соработка од произведувачите на вакцини кои како приоритет ќе ја почитуваат испораката на дозите преку Ковакс програмата“, кажа Ајлворд.

Преку 40 држави ја почнаа имунизацијата против ковид-19 со вакцините кои ги произведоа Бајонтек/Фајзер, Модерна, Астра Зенека, као и со вакцините развиени во Русија и Кина.

„Речиси сите тие вакцини, или буквално сите, отидоа во држави со високи примања“, кажа Ајлворд. „Неопходно е вакцините да почнат да стигнуваат во државите со ниски или средни примања“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе