Рама: Албанија е во вонредна состојба поради снабдувањето со струја

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денес дека земјата е во вонредна состојба поради снабдувањето со електрична енергија.

EPA-EFE

Тој по вонредната седница на советот на министри најави дека утре и официјално ќе биде објавен планот за решавање на кризата, пренесува порталот Албанијан пост.

Според Рама, тој план би требало да им помогне на граѓаните од сите слоеви на општеството.

„Имаме ситуација со диктаторски раст на цената на електричната енергија на меѓународните пазари. Оваа одлука ѝ дава можност да интервенира со финансиски или административни инструменти за да се носи со ситуацијата“, кажа Рама.

Според проценката на експертите, кризата би можела да потрае до средината на 2022, меѓутоа ни тоа не значи дека тогаш ќе заврши.

„Дури и потоа цените нема да се вратат на периодот пред кризата. Она што треба да го направиме е да ги заштитиме нашите потрошувачи“, кажа Рама.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе