Рама: Албанија би можела следната година да лансира сателит во вселената (ВИДЕО)

Албанија следната година би можела да лансира сателит во вселената, потврди преку видео објавено на социјалните мрежи албанскиот премиер Еди Рама.

EPA-EFE

Според информациите од кабинетот на албанскиот премиер, видеото го следи разговорот на Рама со еден од претставниците на компанијата која ќе овозможи лансирање на сателитот.

Снимката, која инаку прикажува сцени од лансирањата на ракетата на Спејсекс Фалкон 9, потврдува дека првиот сателит „Албанија 1“ во вселената ќе биде лансиран во март 2022 година.

Вториот сателит, „Албанија 2“, според видеото, ќе биде лансиран во јуни следната година.

„Албанија во орбитата. Неверојатно, но вистинито“, вели Рама во видеото, во кое не се објавени повеќе детали за местото на лансирањето и типот на сателитот.

Рама пред неколку дена најави дека Албанија ќе има свои сателити за да ја зајакне контролата врз целата територија на земјата.

Според албанскиот премиер, сателитите ќе се користат за цивилни цели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе