Раководителот на француските служби за јавно здравје: Вирусот е сè уште тука и е смртоносен

Ако поканите гости во вашиот дом, носите маски, подоцна проветрете ја куќата и дезинфицирајте ги контактните површини, како што се рачките, рече водачот на француските служби за јавно здравје Жером Саломон.

Фото: ЕПА

Обраќајќи се пред јавноста за прв пат од укинувањето на карантинот на 11 мај, Жером Саломон ги предупреди Французите да ја почитуваат социјалната дистанца кога се дружат со пријателите и семејството.

„Вирусот е сè уште тука и е смртоносен“, рече тој.

На деветтиот ден по укинувањето на карантинот, што траеше 55 дена, бројот на дневно заразени со коронавирус во Франција значително не се зголеми.

Во вторникот коронавирусот е потврден кај 524 лица, а вкупно кај 143.427, односно е забележано зголемување од 0,4 проценти, што е нешто повеќе од просечните 0,3 проценти на ден од укинувањето на карантинот.

Сепак, тоа е значително помалку од 0,8 проценти, колку што изнесувал дневниот пораст во последните две недели на карантин.

Во првите две недели на карантин, што е воведен на 17 март, бројот на заразени лица се зголеми за 15 до 20 проценти дневно, а најголем број новозаразени се регистрирани на 31 март – 7.578.

Италија, која го укина карантинот една недела пред Франција, сè уште нема забележано значително зголемување на заразените, па дури и во втората недела од олеснувањето на мерките, бројот на заразени лица се зголеми за 0,4 проценти на ден, а во првата недела од олеснувањето на мерките за 0,6 проценти.

Во Шпанија, исто така е намалена стапката на ширење на заразата од укинувањето на карантинот пред две недели.

Само 0,1 процент изнесувал дневниот пораст на бројот на заразени во Шпанија во вторникот.

Притисокот на пандемијата врз францускиот здравствен систем исто така се намалува и бројот на хоспитализирани лица е намален за 547 на 18.468, додека на интензивна нега има 1.894 пациенти, 104 помалку од претходниот ден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе