Директорката на лабораторијата во Вухан ги отфрла тврдењата дека вирусот дошол од кај нив

Институтот за вирологија во Вухан, на кој САД редовно посочуваат кога станува збор за изворот на коронавирусот, има три живи видови на коронавирус од лилјаци, но ниту еден не одговара на вирусот Сарс-КоВ-2, рече директорката на институтот.

Фото: ЕПА

Според повеќе научници, новиот коронавирус веројатно бил пренесен на луѓето од некое животно. Пазарот за животни во Вухан е обвинет бидејќи таму се продавале живи диви животни.

Но, фактот дека на неколку километри оддалеченост се наоѓа Институтот за вирологија, со месеци ги храни хипотезите за бегство на вирусот од таа институција.

Откако пишуваше за тоа во печатот, американскиот државен секретар Мајк Помпео на почетокот на овој месец спомена истрага за да се утврди дали е оправдана таквата теорија, за која досега нема никакви докази.

Овие сомневања се „чиста измислица“, изјави директорката на институтот Ванг Јенји за телевизијата ЦГТН.

„Како и сите, не ни знаевме дека вирусот постои“, рече Ванг во интервјуто што се емитувал во саботата навечер, но бил снимен на 13 мај.

Повеќе теории во кои се обвинува институтот во Вухан, кружат на Интернет во последните месеци.

Директорката рече дека институцијата „изолирала и добила неколку видови коронавирус од лилјаци“.

„Имаме три живи видови“, рече Ванг, но ниту еден не одговара на вирусот Сарс-КоВ-2.

Институтот во Вухан ги проучува некои од најсмртоносните патогени во светот.

Научниците од институтот придонеле за подобро познавање на новиот вирус од почетокот на епидемијата, а нивната работа во февруари е објавена во научно списание, пишува агенцијата Франс Прес.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе