Ракетирана најголемата американска воена база во Авганистан, нема жртви

Пет ракети биле истрелани на американската воздухопловна база Баграм во Авганистан во четвртокот, при што никој не настрада, објави мисијата „Одлучна поддршка" на НАТО во Авганистан, додека Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.

„Пет ракети се испалени на воздухопловната база Баграм рано утрово“, објави на Твитер мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“.

„Нема жртви“, се додава.

Ракетите биле истрелани од возило паркирано во блиската област Калача, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи. Автомобилот потоа бил изгорен.

Баграм, најголемата американска воена база во Авганистан, се наоѓа на околу 50 километри северно од Кабул.

Исламската држава на социјалните медиуми објави дека нејзините борци го гаѓале хелидромот во внатрешноста на Баграм.

Портпаролот на талибанците на Твитер објави дека талибанците не се одговорни за нападот.

Кон крајот на февруари, САД и талибанците потпишаа мировен договор кој предвидува постепено повлекување на американските сили од Авганистан.

Се проценува дека во Авганистан се присутни околу 2.000 американски војници.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе