Ракетиран Кабул, главниот град на Авганистан (ВИДЕО)

Извршен е ракетен напад врз авганистанската престолнина, јавуваат светските медиуми.

EPA-EFE

Неколку ракети ја погодиле населбата Каир Кана во Кабул, пренесува руски Спутник.

Наводно имало инцидент и во близина на електроцентралата во Кабул, а жителите кажале дека може да е погоден електричниот погон Чамталах.

Засега нема извештаи за жртви, а на Твитер се појави снимка од штетата наводно предизвикана од ракетниот напад.

На снимката се гледа искршено стакло насекаде низ просторијата, најверојатно од прозорците кои испукале од силната детонација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе