Ракетен систем С-400 предизвика верижен судир во околината на Москва (ВИДЕО)

Возач на еден од руските противвоздушни системи С-400 одлучил да ги тестира сопирачките на зимските патишта, што предизвикало верижен судир.

EPA-EFE

Рускиот портал Раша тудеј сподели снимка од Московскиот регион на која се гледа напредниот противвоздушен ракетен систем кој удрил во комби на воената сообраќајна полиција, а комбито во автомобил пред себе.

Во верижниот судир на крајот завршиле неколку возила.

Рускиот ракетен систем С-400 се смета за еден од најдобрите стратегиски оружени системи земја-воздух. Покрај Русија, во своето вооружување го имаат Белорусија, Турција и Индија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе