Ракетен напад на воена база во Ирак, каде има американски војници, има повредени

Во ракетен напад на воена база северно од Багдад, во која се сместени американски сили, двајца Ирачани се ранети, по неколку слични напади во последните неколку дена, соопшти ирачката војска.

Војската во изјавата не наведува колку проектили биле истрелани на воздушната база Таџи.

Ракета удрила во близина на портите на базата, во која се наоѓаат војници од САД, Велика Британија, Нов Зеланд, Австралија и други земји, чиј персонал остана во Ирак, откако парламентот изгласа протерување на странските војници на почетокот на овој месец.

Се верува дека најмалку две ракети удриле во близина на базата, која се наоѓа на 17 километри северно од Багдад.

Двајца Ирачани се повредени во нападот, соопштија медицински и полициски извори.

Од крајот на октомври, повеќе десетици ракети биле истрелани на ирачки бази во кои се сместени американски војници, а на 27 декември беше убиен американски изведувач. Соединетите Американски Држави ги обвинија проиранските ирачки вооружени фракции за ракетирањето.

На тој напад САД одговорија со бомбардирање на ирачките бази и убија 25 борци на проиранската паравоена коалиција, која е дел од ирачката војска.

По наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, беше убиен највисокиот ирански генерал, Касем Сулејмани, а Иран одговори со 22 балистички ракети истрелани на ирачката база Ал Асад, во која се сместени и американски трупи, но во нападот немало жртви.

Оттогаш, ракетирањето на американски цели е речиси секојдневно.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе