Ракетата на Маск повторно експлодира, по четврти пат (ВИДЕО)

Четвртиот тест лет на ракетата Старшип на Спејсeкс во вторникот не успеа и прототипот се сруши, потврди на Твитер основачот на компанијата Илон Маск.

Screenshot

„Нешто важно се случи“ за време на спуштањето, напиша тој на социјалната мрежа, по трите претходни неуспешни обиди.

„Ќе дознаеме што се случило кога ќе ги истражиме остатоците подоцна во текот на денот“, рече Илон Маск, додавајќи на шега: „Барем кратерот е на добро место!“

Третиот прототип на ракетата Старшип на американската вселенска компанија Спејсекс експлодираше на почетокот на март по она што се чинеше како успешен лет и слетување. Претходните два тест лета завршија со пад при слетувањето.

Основачот на приватната вселенска компанија Спејсекс, милијардерот Илон Маск, ја развива следната генерација на ракети Старшип со цел заминување на Марс и Месечината.

Ракетата Старшип е во срцето на амбицијата на Маск да ги направи летовите во вселената подостапни за луѓето.

Тестните лансирања се одвиваат во речиси пуста област изнајмена од Спејсекс во јужен Тексас недалеку од границата со Мексико и покрај Мексиканскиот залив.

Оваа област е доволно голема и празна за евентуална несреќа или експлозија да не предизвика штета или жртви.

И покрај неуспесите, Спејсекс собира вредни податоци што ќе му овозможат забрзување на развојот на вселенската програма, велат експертите.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе