Би можела да го загрози тримесечното кревко затишје

Ракета испукана од Газа врз Израел, се огласија сирените за воздушна тревога (ВИДЕО)

Сирените за воздушна тревога се огласија денес на југот на Израел откако ракета беше испукана од појасот Газа, првпат по 11-дневната војна меѓу Израел и Хамас во мај.

EPA-EFE

Израелската војска соопшти дека ракетата ја пресретнале батерии за противвоздушна одбрана.

Ракетниот оган би можел да го загрози тримесечното релативно затишје по прекинот на огнот кој беше договорен меѓу Израел и исламистички Хамас.

Одговорноста за проектилот никој веднаш на ја презема.

Ракетата беше испукана неколку часа откако израелски војници се судрија со невооружени Палестинци на другата палестинска територија, окупираниот Западен брег, убивајќи четворица цивили.

Тоа е еден од најсмртоносните судири во таа област по повеќе години.

Судирот изби во Џенина каде тензиите се високи откако Палестинец беше убиен на почетокот на месецот, исто така во судир со израелските сили.

Во најновото пукање покрај четворицата убиени, еден Палестинец е тешко ранет, јави палестинската новинска агенција Вафа, а на израелската страна немало жртви.

Палестинскиот функционер Хусеин ал Шеик го обвини Израел за злосторство и на Твитер ја критикуваше меѓународната заедница за тоа што молчи и што не обезбедила заштита на палестинскиот народ од „угнетувањето“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе