Бившиот лидер на босанските Срби

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор

Судот во Хаг го осуди Радован Караџиќ на доживотен затвор.

Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг го осуди на доживотен затвор првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ.

Судијата рече дека биле потврдени сите точки од првостепената пресуда, освен неколку инциденти во пребројувањето во 20 општини.

Жалбениот совет објави и дека се согласува со Обвинителството дека казната од 40 години е несоодветна со оглед на тежината на злосторствата на Караџиќ и дека пресудата на Судскиот совет била неразумна и нефер. Судскиот совет погрешил со изрекувањето казна затвор од 40 години, се вели во одлуката на Жалбениот совет.

Покрај тоа, Жалбениот совет утврдил дека Обвинителството не успеало да докаже грешка кај Судскиот совет кога донел одлука дека немало геноцидна намера кај Караџиќ за воени злосторства извршени во седум општини во БиХ.

Освен едно делумно усвоено барање на Караџиќ, сите други наводи од жалбата се одбиени.

Жалбениот совет, имено, укажа дека Караџиќ не покажал дека постои грешка во делот од првостепената пресуда што се однесува на намерата да се изврши геноцид во Сребреница. Тие додаваат дека знаел за злосторствата извршени во Кравица, како и дека мора да знаел и за другите убивања, пренесе РТС.

Одбраната на Радован Караџиќ не успеала да докаже дека тој не е виновен за масакрот во Сараево, на пазарот Маркале, како и за „тероризирање на жителите на Сараево со долготрајно гранатирање и снајперски напади во текот на годините на опсадата на главниот град на БиХ“, рече претседателот на Жалбениот совет Ван Јосен.

Мурат Тахировиќ, претседател на Здружението на жртви и сведоци на геноцид, ја поздрави доживотната казна.

„Целосна правда не е можна, но ова е сатисфакција за жртвите“, изјави Тахировиќ за телевизијата Н1.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал во март 2016 година го осуди Караџиќ на 40 години затвор поради геноцид во Сребреница и злосторство против човештвото во Босна и Херцеговина 1992-1995 година.

Со првостепената пресуда, Караџиќ беше ослободен од обвинението по една точка - за геноцид против несрпското население во седум општини во БиХ, но беше осуден за другите 10 точки, вклучувајќи и за геноцид во Сребреница.

Со денешнава пресуда треба да е завршена правосудната постапка што практично трае од 1995 година, кога беше објавено и потврдено првичното обвинение против човекот што се смета за инспиратор и лидер на „проектот“ што доведе до масовни страдања и прогони во БиХ и резултираше со геноцидот на припадниците на војската и полицијата на босанските Срби врз муслиманите во Сребреница.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе