Радијација 986 пати над просекот, Русите велат „ние не сме виновни“

Руската метеоролошка агенција Росгидромет соопшти дека во септември е регистрирана многу висока концентрација на рутениум-106 во неколку руски области.

Како што е наведено, највисока концентрација е на југ од Урал. Русија негираше дека дошло до било каков нуклеарен инцидент, наведе АФП.

Според Росгидромет, највисоката концентрација е забележана во Аргајаш, кој се наоѓа на 30 километри од нуклеарниот комплекс Мајак, погоден со нуклеарната несреќа во 1957 година.

Денес, овој комплекс служи како место за складирање на искористеното нуклеарно гориво.

„Радиоизотопот Ру-106 е пронајден на станиците за набљудување Аргајаш и Новогорни помеѓу 25 септември и 1 октомври“, се вели во соопштението на руската метеоролошка агенција, пренесе РТ.

Покрај тоа, тие тврдат дека концентрацијата на рутениум-106 во Аргајаш е исклучително висока и 986 пати повисока од просечната норма.

Инаку, рускиот Гринпис во понеделникот повика да се отвори истрага и да се објават резултатите од „несреќата во Мајак“.

„Гринпис од обвинителите бара да започнат истрага за потенцијалното заташкување на нуклеарната несреќа“, се вели во соопштението.

Медиумите неодамна го пренесоа соопштението од францускиот институт за нуклеарна безбедност (ИРСН) дека радиоактивниот облак над Европа сугерира дека дошло до несреќа во нуклеарен објект во Русија или Казахстан последната недела од септември.

Кремљ не се огласуваше се до денес, кога демантираше дека имало несреќа во руските нуклеарни постројки.

ИРСН отфрли дека несреќа се случила во нуклеарниот реактор наведувајќи дека најверојатно станува збор за објектот за третман на нуклеарното гориво или центарот за радиоактивна медицина.

Покрај тоа, исто така истакнаа дека не дошло до влијание врз здравјето на луѓето или животната средина во Европа.

ИРСН во соопштението вели дека не може точно да ја утврди локацијата каде е ослободен радиоактивниот материјал, но дека, врз основа на метеоролошките податоци, најверојатно, станува збор за областа јужно од планината Урал, меѓу Урал и Волга.

Ова, додава институтот, може да укажува на Русија или на Казахстан.

Рутениум 106 е радиоактивен нуклид што настанува со делење на атомот во нуклеарен реактор.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе