Рација во хотел во Истанбул, уапсен можен член на Исламска држава

Истанбулската полиција уапси маж за кој постои сомневање дека е член на Исламска држава и дека планирал да изврши напад во овој град.

Според турската државна новинска агенција Анадолу, осомничениот е уапсен за време на рација во хотел во сиромашна област во Истанбул, кога полицијата запленила автоматска пушка и резервна муниција.

Уапсениот човек имал намера да изврши „сензационален“ напад на главниот плоштад во Истанбул, Таксим, и во околината.

Тој нелегално влегол во Турција од Сирија, пишува Асошиејтед прес.

Ова е втор пат овој месец полицијата да објави напади од можни милитанти на Исламска држава.

Пред две недели човек осомничен дека е член на оваа милитантна организација и дека планира напад на полициската станица беше уапсен во северозападната провинција Бурса.

Исламска држава во последните пет години изврши серија напади во Турција, вклучително и напад врз ноќен клуб во Истанбул за време на новогодишната прослава во 2017 година, кога загинаа 39 лица, претежно странци.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе