Рација и пукање во домот на поранешниот претседател на Киргистан, има повредени (ВИДЕО)

Специјални единици на централноазиската држава Киргистан упаднаа синоќа во резиденцијата на поранешниот претседател кој се соочува со обвинувања за корупција и злоупотреба на државните пари.

Засега нема информации за тоа каде во моментов се наоѓа поранешниот киргистански претседател Алмазбек Атамбаев. Според локалните телевизии тој е префрлен на непозната локација, доеека негов близок соработник и поддржувачите кои се собрани во близина на неговата резиденција тврдат дека не е одведен.

Локалните медиуми јавуваат дека за време на рацијата биле испукани неколку истрели од огнено оружје и дека неколку лица се ранети, вклучувајќи и новинати. Но одборот за државна безбедност тврди дека се испукани само пластични куршуми.

Киргистанскиот парламент во јуни му го укина имунитетот на Атамбаев и беше почната постапка против него. Од тогаш неговите поддржувачи внимателно ја чуваат неговата резиденција во селото Кои Таш, 20 километри од главниот град Бишкек, за да спречат негово апсење.

Атамбаев е обвинет за низа злосторства, вклучувајќи и корупција. Тој беше на власт од 2011 до 2017, а тврди дека обвиненијата му ги наместил сегашниот претседател Суронбаи Јеенбеков, кој е негов поранешен штитеник.

Поранешниот претседател во јули се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, сугерирајќи дека ја има поддршката од Кремљ, но Путин подоцна кажа дека Русија е посветена на соработката со Јеенбеков.

Киргистан, кој во постсоветска Централна Азија беше нарекуван „остров на демократијата“, мина низ повеќе политички превирања. Двајцата први претседатели по независноста, на пример, беа протерани од власта.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе