Работните места се главни жаришта на инфекција со коронавирус во Франција

Работните места се главни жаришта на инфекција со коронавирус во Франција и компаниите треба да им овозможат на работниците што е можно подолго по летните одмори да работат од дома, рече истакнат француски експерт за коронавирус, јави Ројтерс.

Неделните податоци од министерството за здравство покажуваат дека заклучно со 9 мај приватните и јавните компании учествувале со 22% од 609 кластери на зараза. Скоро третина од овие кластери во моментот се под истрага од страна на здравствените власти.

Податоците, кои не ги опфаќаат пензионерските домови и индивидуалните семејства, исто така, покажуваат дека здравствените установи сочинуваат 16 проценти од кластерите, а пошироките семејства 14 проценти.

Затворите и јавниот превоз, вклучувајќи возови и авиони, сочинуваат само еден процент од кластерите, а училиштата и универзитетите четири проценти.

„Со оглед на тоа што компаниите имаат најголема стапка на кластери на инфекција со вирусот, треба да наметнеме задолжителното носење маски во сите затворени простори, вклучително и во приватните компании“, рече за радиото Франсинфо, Ерик Ком шеф на одделот за заразни болести во болницата Ла Питие-Салпетриер во Париз.

Кога е можно, компаниите треба да продолжат да бараат работниците да работат од дома, рече тој.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе