Работник на бензинска пумпа во Германија е убиен затоа што побарал од клиентот да стави маска

Германските политичари се шокирани од убиството на млад работник на бензинска пумпа, кој побарал од клиент да стави заштитна маска. Тие предупредија против радикализација на луѓето што се противат на ограничувањата поради пандемијата на ковид-19, пренесува Ројтерс.

Фото: Твитер

49-годишен Германец е уапсен по убиството на 20-годишен вработен на бензинската пумпа, кое се случи во саботата во западниот германски град Идар-Оберштајн.

Властите соопштија дека уапсениот ѝ рекол на полицијата дека пукал „во афект“, откако службеникот одбил да го послужи бидејќи немал маска кога сакал да купи пиво.

„Тој за време на сослушувањето додаде дека ги одбива мерките против коронавирусот“, рече полицијата од Трир.

Обврската за носење заштитни маски во продавниците е една од мерките во Германија во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според полицијата, осомничениот ја напуштил бензинската пумпа по расправијата со службеникот, но се вратил половина час подоцна со маска на лицето и го застрелал 20-годишниот работник во глава.

Осомничениот, германски државјанин чие име не се соопштува, избегал од местото на настанот и во неделата наутро ѝ се предаде на полицијата.

Аналена Бербок, германската кандидатка од Партијата на зелените од левиот центар за наследничка на канцеларката Ангела Меркел, изрази ужасеност од убиството. Федералните избори во Германија се закажани за в недела.

„Потресена сум од ова ужасно убиство на момче што само барало да се почитуваат важечките правила“, напиша Бурбок на Твитер.

Таа, исто така, изрази загриженост поради радикализацијата на движењето составено од луѓе што се противат на носењето маски и на вакцините, но и на теоретичарите на заговори и некои ултрадесничарски екстремисти.

Властите не кажаа дали осомничениот за убиството на бензинската пумпа е поврзан со движењето, кое е под строг надзор на германските безбедносни сили, по серијата големи антивладини протести, од кои некои беа насилни.

Обвинителството за германската новинска агенција Дпа изјави дека осомничениот претходно не ѝ бил познат на полицијата, како и дека нема дозвола за оружјето што е пронајдено во неговата куќа.

Пол Зјемјак, генералниот секретар на Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел, го нарече убиството „неразбирливо“.

„Еден млад човек беше ликвидиран затоа што ја посочил обврската да се носи заштитна маска. Неразбирливо ниво на радикализација“, напиша тој на Твитер.

Минатата недела социјалната мрежа Фејсбук отстрани речиси 150 профили и страници поврзани со движењето Кверденкен (латерално размислување), во согласност со новата регулатива што е фокусирана на групи што шират дезинформации или поттикнуваат насилство.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе