Работниците од државните компании се придружија во протестите во Белорусија (ВИДЕО)

Работниците во државните фабрики и компании им се придружија на десетиците илјади луѓе на петтиот ден од протестите против белорускиот претседател Александар Лукашенко, и покрај насилното пресметување поради кое Западот размислува за нови санкции.

Демонстрантите формираа човечки синџири и маршираа во Минск, каде што им се придружија најмалку двајца ТВ-презентери од строго контролирани државни медиуми што дадоа оставка во знак на протест поради насилството по претседателските избори во неделата.

Ројтерс пренесе дека на протестите се приклучиле и работниците на белоруската железница.

Демонстрантите го обвинуваат Лукашенко дека лажно дошол до својот шести мандат. Претседателот тврди дека странски сили коваат заговор за дестабилизација на земјата и вели дека демонстрантите се криминалци и невработени.

Властите почнаа да ослободуваат некои од илјадниците демонстранти уапсени оваа недела.

Некои што излегоа од притворниот центар во Минск имаа модринки. Тие опишаа дека биле тесно збиени во ќелиите, дека стражарите ги третирале лошо и дека биле тепани, пренесе Ројтерс.

На вчерашните протести им се придружија работници во некои државни компании што се гордост на економскиот модел на Лукашенко во советски стил, вклучително и фабриката за автомобили во Минск (МАЗ), која произведува камиони и автобуси. Амбасадорите на ЕУ во Минск положија венец на местото каде што еден демонстрант беше убиен, додека масите скандираа.

Лукашенко се стреми кон подобри односи со Западот поради зголемените тензии со традиционалниот сојузник Русија.

Во 2016 година, ЕУ делумно ги укина санкциите воведени поради прекршувањето на Лукашенко на човековите права, но може да воведе нови мерки овој месец. Германија ја повика ЕУ да изврши притисок врз Лукашенко.

 

Русија: Невиден притисок однадвор

Русија, која го охрабрува Лукашенко да прифати поблиски политички и економски врски, изрази загриженост за, како што рече, обидите на надворешните сили за дестабилизација на Белорусија.

„Забележуваме дека некои странски партнери вршат невиден притисок врз белоруските власти“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Можеме да видиме јасни обиди за надворешно мешање во внатрешните работи на една суверена држава за да се создаде јаз во општеството и да се дестабилизира ситуацијата“, рече таа пред новинарите.

Лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја неделава побегна во соседна Литванија, велејќи дека се плаши за безбедноста на своите деца. Таа ги повика приврзаниците да не учествуваат во протестите и да не ги загрозуваат своите животи. Неколку часа откако ги обжали изборните резултати, таа во изјава, која ја прочита од парче хартија во зградата на централната изборна комисија, рече дека „народот во Белорусија донел одлука“.

Нејзините приврзаници беа шокирани од ненадејната промена, тврдејќи дека таа ја прочитала изјавата под притисок.

 

ООН ги осуди масовните апсења

Мишел Башеле, шефицата на ООН за човекови права, ги осуди масовните апсења „вклучувајќи на минувачи, како и на малолетни лица, што укажува дека масовните апсења ги прекршуваат меѓународните стандарди за човекови права“.

Пред притворниот центар Окрестина чекаа граѓани, некои уплакани, надевајќи се на вести за пријателите и роднините што беа внатре, пренесе Ројтерс. Полицајци и војници со митралези ги оддалечуваа кога премногу ќе се приближеа.

Сергеј, еден од ослободените, рече дека ги имало 28 во ќелија во која обично собира пет лица. Приведените спиеле во смени и за два дена им била дадена само една векна леб за да ја поделат меѓусебе.

„Не ме тепаа во ќелијата, ме изнесоа надвор и таму ме претепаа“, изјави тој за Ројтерс, кој не можел да ја потврди неговата приказна од независен извор. Вартан Григорјан, друг ослободен од притвор, имаше повреди на лицето. „Ме фатија, ме тепаа, ме одведоа во затвор и повторно ме тепаа. Потоа ми беше лошо и ме однесоа во болница со брза помош“, изјави тој за британската агенција.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе