Русија

Путин: Жртвите од ракетната експлозија што предизвика страв од радијација работеа на „оружје какво што нема на светот“

Нуклеарните научници убиени во експлозија во тајна воена база во северна Русија развиваа уникатно оружје клучно за суверенитетот на земјата, рече претседателот Владимир Путин, ветувајќи дека ќе продолжи со подобрување на технологијата.

Вдовиците на загинатите научници во август во регионот Архангелск, во четвртокот беа поканети во Кремљ. Путин им ги предаде постхумните Ордени на храброст на нивните сопрузи и им изрази сочувство.

„Тие работеа на многу тешка, важна и критична задача“, рече Путин во посмртниот говор за починатите научници, за кои рече дека се едни од најдобрите специјалисти во областа.

„Зборуваме за најнапредните и најсовремени технички идеи и решенија, какви што нема никаде во светот; оружје кое овозможува заштита на суверенитетот, безбедноста на Русија во наредните децении“, рече Путин.

Поседувањето таква технологија во Русија е „најважната, сигурната гаранција за мир на планетата. И, без оглед на сè, ние секако ќе продолжиме да ги подобруваме овие оружја“, вети претседателот.

Масивна експлозија ја потресе оф-шор платформата во тајната воена база во северниот регион Архангелск на 8 август. Несреќата, што се случи за време на тестирањето на „изотопски извор на енергија“ за експерименталниот „мотор (ракета) на течен погон“, ги однесе животите на седум лица. Петмина од нив биле вработени во руската нуклеарна агенција Росатом, а другите двајца биле од Министерството за одбрана.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе