Путин зборуваше за тоа зошто некои земји го минираат проектот Северен тек 2 (ВИДЕО)

Без оглед на растот на светската трговија кој сега изнесува три отсто годишно, лидерите на светските земји мора да признаат дека постоечкиот модел на економски односи се наоѓа во криза, кажа денес рускиот претседател Владимир Путин на затворањето на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

„Во последните десет години проблемите се зголемуваат бидејќи западните земји не можат да ја издржат конкуренцијата, па употребуваат санкции и водат трговски војни. Еден од примерите се обидите на САД да ја сопрат изградбата на гасоводот Северен тек 2“, истакна Путин.

Рускиот лидер објасни дека проектот Северен тек 2 им одговара на националните интереси на сите земји кои учествуваат во неговата изградба. Но, не им одговара на оние кои не можат да ја поднесат конкуренцијата, кажа Путин, алудирајќи на САД.

Тој кажа и дека напорите на Вашингтон да ја наметне својата доминација во светот и да ја истуркаат компанијата Хуавеј од светскиот пазар може да биде првиот знак дека почнува нова технолошка војна.

Претседателот на Русија и оваа година предложи да се ревидира односот кон доларот како резервна светска валута, бидејќи според него тој станал средство за притисок, па затоа опаѓа довербата во него. Домаќините се задоволни од бројот на гости од седумдесетина светски змеји, што е доказ дека Вашингтон и лојалните сојузници не успеале да ја изолираат Русија, чиј пазар им е интересен на големите компании.

Денес во Санкт Петербург зборуваа и главните гости од странство – кинескиот претседател Си Џонпинг, бугарскиот претседател Румен Радев, ерменскиот премиер Никола Пашинјан и премиерот на Словачка Петер Пелегрини.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе