Путин: Затворете ја границата меѓу Русија и Украина и ете ви нова Сребреница

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека затворањето на границата на Русија со самопрогласените републики во Украина би довело до ситуација слична на Сребреница.

Според него, доколку се донесе таква одлука, би следело крвопролевање, што Русија никогаш не би го дозволила, пренесуваат руските агенции.

„Сѐ додека политичките прашања остануваат нерешени, овие територии немаат специјален статус и нема закон за амнестија, одлуката да се затвори границата меѓу Русија и непризнатите републики ќе доведе до ситуација слична на онаа што се случи во Сребреница. Ќе има крвопролевање. Не можеме да дозволиме да се случи тоа“, кажа Путин на форумот за меѓународна политика во дебатниот клуб Валдај во Сочи.

Путин истакна и дека државите членки на Европската Унија, со поддршката за независно Косово, самите го придвижиле подемот на сепаратистичките тежнеења во Европа.

„Колку кревка може да биде стабилноста дури и во развиена држава покажува ситуацијата во Шпанија. Кој можеше да очекува дека дебатата за статусот на Каталонија ќе прерасне во толку остра политичка криза“, праша рускиот лидер.

Тој кажа дека различниот однос кон независноста на Косово, Крим и Каталонија е пример за двојните аршини на Европа.

„Во ситуацијата со Каталонија видовме едногласна осуда на ЕУ и низа други држави поддржувачи на независноста. Требаше претходно да се размислува. На време практично се поздравуваше распаѓањето на цела низа држави во Европа, не криејќи ја радоста. Зошто беше неопходно така неосмислено, тргнувајќи од актуелната ситуација и желбата да му се угоди на „поголемиот брат“ од Вашингтон, неограничено да се поддржува независноста на Косово?“, истакна тој.

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе