Путин застана на страната на Лукашенко во спорот со приземјениот авион

Рускиот претседател Владимир Путин денес застана на страната на својот белоруски сојузник Александар Лукашенко кој е во спор со Западот поради присилното приземјување на авионот на Рајанер за да се приведе белоруски дисидент.

EPA-EFE

Западот ја обвини Белорусија за државно пиратство откако белоруската воздушна контрола во неделата лажно го предупредила пилотот на Рајанер за бомба во авионот, по што испратила свој МиГ-29 за да го следи авионот. Авионот слета во Минска каде што беа приведени негови патници, блогерот Роман Проташевич и неговата девојка.

Двајцата се сега во притвор. Проташевич е обвинет дека стои зад масовните протести по изборите кои за опозицијата и Западот се наместени. Му се закануваат до 15 години затвор.

Но Путин, блискиот сојузник на Лукашенко, го поддржа својот колега, топло дочекувајќи го на разговор во јужниот руски град Сочи. Двајцата лидери се согласија дека реакцијата на Западот на инцидентот била „излив на чувства“.

„Своевремено тие го натераа авионот на боливискиот претседател да слета, а потоа го симнаа и ништо, тишина“, кажа Путин, мислејќи на инцидентот од 2013 година кога авионот на Ево Моралес мораше да слета во Австрија во времето кога САД се обидуваа да го уапсат откривачот Едвард Сноуден.

Лукашенко на Путин му кажа дека ќе му достави доверливи документи за летот на Рајанер кој на рускиот лидер ќе му помогне да сфати што точно се случило.

„Секогаш има некој кој ни создава проблеми. Знаете, ќе ве информирам за нив“, му кажа Лукашенко на Путин. „Донесов документи за да можете да сфатите што се случи“.

Русија, блискиот сојузник на поранешната советска република со 9,5 милиони жители која служи како стратегиски кордон кон Западот, вербално го поддржа Минск пред средбата на двајцата претседатели, истовремено отфрлајќи поврзаност со инцидентот.

Москва тврди дека Белорусија покажала спремност на транспарентност во тој спор, а реакцијата на Западот на инцидентот ја нарече „шокантна“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини западните држави за „демонизирање“ на власта во Минск.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе