Путин: Западот ја зауздува Русија затоа што им е конкурент

Западот ја почна својата политика на зауздување на Русија бидејќи земјата почна да излегува од тешкотиите и да се развива како конкурент, смета рускиот претседател Владимир Путин.

EPA-EFE

„Западот почна да води таква политика веднаш штом Русија почна да се извлекува од своите тешкотии, особено кога го врати своето уставно единство, што не беше лесно да се направи, кога почна да се развива. Видоа дека Русија станува конкурент, и на политичката арена и во областа на меѓународната безбедност“, кажа Путин, а пренесува ТАСС.

Путин смета дека ограничувањата и санкциите се воведуваат под изговор на обезбедување на сигурноста на САД, но дека тоа е целосна бесмислица, бидејќи според него станува збор за обид за зауздување на развојот на Русија.

Тој објасни дека кон средината на деведесеттите години од минатиот век Русија им била на сите добра и на сите им се допаѓала „кога ѝ испраќаа компири во рамки на хуманитарната помош“.

Им благодариме на тоа, многумина тоа искрено го правеа, знам и искрено зборувам за тоа, бидејќи разговарав со тие луѓе во Санкт Петербург“, додаде Путин.

Според него, што Русија почнала да излегува од тешката ситуација, кога почнала да се развива, почнале да гледаат на неа како конкуренција па ситуацијата се сменила и на политичката сцена, и во меѓународната сфера, и во производството, науката, енергетиката.

„А тоа веќе не им се допаѓа. И нашите таканаречени партнери почнаа да водат политика на зауздување“, констатираше рускиот претседател.

Тој објасни дека јакнење на суверенитетот би можел да биде одговор на западните санкции.

„Понекогаш се стекнува впечаток дека различни политички сили во САД едноставно се натпреваруваат меѓусебно, покажувајќи го своето антируско расположение, и така заработуваат поени во внатрешната политика“, кажа Путин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе