Путин: Западот е подготвен да го жртвува остатокот од светот за својата доминација

Вината за глобалните последици од санкциите против Русија, вклучително и можниот недостиг на храна во голем број земји, лежи во западните земји кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот заради своја доминација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Тасс.

Фото: ЕПА

Тој рече дека многу земји веќе се соочуваат со закани од глад и дека доколку продолжат санкциите против Русија, ЕУ може да се соочи со последици кои нема да можат да се поништат.

„Вината за ова целосно и комплетно лежи кај елитите на западните земји кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот за да ја зачуваат својата глобална доминација“, рече рускиот лидер.

Според Путин, Русија самоуверено се справува со надворешните предизвици, „благодарение на одговорната макроекономска политика од последните години и системските решенија за зајакнување на економскиот суверенитет и технолошката и прехранбената безбедност“.

„Нашите производствени компании постепено го пополнуваат домашниот пазар ослободени по бескрупулозното заминување на партнерите, вклучително и на основните производи, индустриската и услужната опрема, градежништвото и земјоделските машини“, истакна рускиот лидер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе