Путин за руската вакцина: Никому ништо не наметнуваме

Рускиот претседател Владимир Путин му одговори на функционерот на Европската Унија кој кажа дека нејзините членки апсолутно немаат потреба од Спутник V, оценувајќи го коментарот како чуден и сугерирајќи дека е во спротивност со интересите на граѓаните на ЕУ.

EPA-EFE

Комесарот на ЕУ за внатрешниот пазар Тјери Бретон кажа дека на ЕУ не ѝ треба руската вакцина и дека имунитетот низ континентот би можел да се постигне со примена на вакцините од европско производство.

„Тоа е чудна изјава. Никому ништо не наметнуваме“, кажа Путин на телевизиски пренесуваниот состанок за руските вакцини.

„Тоа го наметнува прашањето: Чии интереси бранат и застапуваат тие луѓе? Интересите на фармацевтските компании или интересите на граѓаните на европските земји?“

Европската агенција за лекови (ЕМА), чии претставници треба следниот месец да ја посетат Русија, го почна тестирањето на Спутник V претходно месецов.

Меѓутоа, некои европски функционери ја доведоа во прашање потребата од руската вакцина. Функционер на ЕМА ги повика членките на ЕУ да се воздржат од одобрувањето на Спутник V на национално ниво додека агенцијата сè уште ја истражува.

Путин телефонски разговарал со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за можната употреба на руската вакцина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе