Путин за разговорот со иранскиот и турскиот претседател: Средбата беше мошне корисна

Рускиот претседател Владимир Путин ги оцени како корисни денешните трилатерални разговори во Техеран со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Иранецот Ебрахим Раиси за решението на конфликтот во Сирија.

Фото: ЕПА

„Средбата беше мошне корисна. Разговаравме за клучните елементи на нашата координација во врска со Сирија“, рече Путин по средбата. Тој ги покани двајцата колеги да ја посетат Русија и да учествуваат на нова средба на темата Сирија до крајот на годинава.

Ердоган рече дека нема да се откаже од своите акции во Сирија. „Нашата борба против терористичките организации секогаш ќе продолжи“, рече тој. Тој рече дека очекува Русија и Турција да го поддржат во тоа.

Трите земји заедно работат на намалување на насилството во Сирија и покрај тоа што поддржуваат различни страни во војната.

Русија и Иран се најсилните поддржувачи на сирискиот претседател Башар ал Асад, додека Турција ги поддржува бунтовниците против Асад.

Турција се заканува дека ќе ја обнови својата воена офанзива во северна Сирија, наведувајќи ги терористичките закани како причина. Анкара веќе има контрола над пограничната област на северот на Сирија. Русија и Иран ја предупредуваат Турција против таква офанзива.

Иранскиот претседател повика на дипломатско решение на војната. „Најважно е да се гарантира територијалниот интегритет и да се дозволи сирискиот народ да одлучува за својата политичка судбина“, рече Раиси во присуство на Путин и Ердоган.

Иранскиот врховен лидер Али Хаменеи во вторникот истакна дека „секој напад на Турција во северна Сирија само ќе им помогне на терористите“. „Ние ја сметаме безбедноста во Сирија за наша безбедност и Турција треба да го стори истото“, заклучи тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе