Путин за првпат од почетокот на војната во Украина патува надвор од Русија

Рускиот претседател Владимир Путин неделава ќе посети две поранешни советски држави во централна Азија, јави руската државна телевизија, што е прво патување на рускиот лидер во странство од почетокот на конфликтот во Украина.

EPA-EFE

Поради руската инвазија која почна на 24 февруари Москва се најде под сериозни финансиски санкции на Западот за кои Путин вели дека поттикнале јакнење на трговските врски на Русија со други регионални сили како Кина, Индија и Иран.

Павел Зарубин, дописникот на руската државна телевизија Русија 1 од Кремљ, кажа дека Путин ќе ги посети Таџикистан и Туркменистан, а потоа на преговори во Москва ќе се сретне со индонезискиот претседател Џоко Видодо.

Путин во Душанбе ќе се сретне со таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон, близок руски сојузник и најдолговечниот владетел на поранешна советска држава. Во Ашгабат ќе присуствува на самитот на касписките држави, вклучувајќи ги лидерите на Азербејџан, Казахстан, Иран и Туркменистан, кажа Зарубин.

Последното патување на Путин надвор од Русија беше посетата на Пекинг на почетокот на февруари. Тогаш рускиот лидер и кинескиот претседател Си Џинпинг го претставија „договорот за пријателство без ограничување“, само неколку часа пред церемонијата на затворањето на Зимските олимписки игри.

Русија инсистира дека испрати воени сили во Украина за да ја намали нејзината воена моќ, да спречи Западот да ја искористи како закана за Русија, да ги искорени неонацистите и да ги одбрани жителите во источните региони кои зборуваат на руски јазик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе