Путин за повикот да се намали употребата на гас: Без гас би можеле повторно да се вратиме во пештерите

Претседателот на Русија Владимир Путин остро ги критикуваше европските повици за намалување на зависноста од гасот како енергент, велејќи дека таквите идеи би можеле да доведат луѓето повторно да живеат во пештери.

На прашањето што мисли за повиците од Европа за намалување на употребата на гасот, во што Европа значајно зависи од Русија, Путин на инвестициски форум во Москва рече дека според него „презирот кон така чист јаглеводород, како што е гасот е апсолутно чуден“.

„Кога луѓето изнесуваат такви идеи, мислам дека ја отвораат вратата за враќање на човештвото во пештерите“, рече Путин.

Рускиот претседател рече дека на сегашно ниво на технолошкиот развој, човештвото без јаглеводород, нуклеарна енергија и хидроелектрани едноставно не може да преживее и да ја зачуваа цивилизацијата.

Тој ја пофали релативно интензивната употреба на гас и хидроелектрани во Русија, поради што, како што кажа, Русија има енергетска рамнотежа и е „една од најзелените во светот“.

Тој го критикуваше производството на гас од шкрилци со фракциониот метод како валкано и штетно за животната средина, велејќи дека Русија, како еден од најголемите светски производители на гас, никогаш нема да ја користи таа технологија.

Тој додаде дека вадењето гас од шкрилци е забрането во многу држави, но цвета во САД, додавајќи дека таквата оценка ја изнесува „без никакво варварско претерување“.

„Техниките на екстракција ја уништуваат животната средина. Во некои места каде што се црпи нафта и гас од шкрилци, од чешмите не тече вода туку црна тиња. И покрај сите економски придобивки, такво извлекување не ни треба, тоа нема никогаш да го направиме“, рече Путин.

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе

„Тој е бугарофил“, е сентенца-обвинување, небаре сте Евреин во (пред)нацистичка Германија. Во држава со оспорено и  „проблематично минато“, која политички и национално се одржавотвори  во виорот на Втората светска војна, национализмот кој триесет години во Македонија се продуцираше, беше одбранбен национализам.

повеќе