Путин: За извозот на украинското жито можеме да разговараме по истрага за нападите со дронови на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин му кажал на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор дека Русија би можела да размисли за продолжување на договорот за извоз на житарки од украинските пристаништа дури откако ќе се спроведе истрага за нападите со дронови на кримското пристаниште Севастопол.

EPA-EFE

Русија и Украина во јули договорија извоз на житарки со посредништво на Турција и Обединетите нации за да се ублажи светската криза со храна. Договорот истекува на 19 ноември.

Русија во саботата го прекина своето учество соопштувајќи дека одговара на нападите со дронови на руската флота на Крим и за нападот го обвини Киев. Киевските власти негираат дека се одговорни за нападот и дека го користат безбедносниот коридор за извоз на жито во воени цели.

Кремљ соопшти дека обнова на договорот би можела да се разгледа по „детална истрага на околностите на овој инцидент, како и по добивањето реални гаранции од Киев за строго придружување до Истанбулскиот договор, особено за некористење на хуманитарниот коридор во воени цели“.

Во соопштението се наведува дека Путин го потсетил Ердоган на „неуспехот во исполнување на вториот дел од пакетот договори – да се укине блокадата на извозот на руски земјоделски производи и ѓубрива на светските пазари“.

Иако таа роба не потпаѓа под западните санкции воведени како одговор на руската инвазија на Украина, руските произведувачи го изгубија пристапот до пристаништата на Балтичкото Море кои ги користеа за извоз, како и до гасоводот за транспорт на амонијак до украинското црноморско пристаниште Јужни.

Кабинетот на турскиот претседател соопшти по телефонскиот разговор на двајцата лидери дека Ердоган му кажал на Путин дека е „сигурен дека за ова прашање ќе се воспостави соработка за наоѓање решение“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе