Путин за 66-тиот роденден на кинескиот претседател му подари сладолед (ФОТО+ВИДЕО)

Кинескиот претседател Си Џинпин денеска го прослави својот 66-ти роденден со својот, како што вели, близок пријател, рускиот претседател Владимир Путин, кој му подари сладолед, објавија кинеските државни медиуми.

Дискусија за приватниот живот на високите функционери е исклучително ретка во Кина и јавно не е објавен датумот на раѓање на повеќето високи функционери бидејќи тоа се смета за државна тајна.

Државната телевизија објави слики на Си и Путин со чаши шампањ како наздравуваат за роденденот на Си во хотел во главниот град на Таџикистан, Душанбе.

И двајцата се учесници на регионалниот самит.

Додека Путин на Си му подари руски сладолед - не е познато со каков вкус - Си возврати со кинески чај, се вели во извештајот.

Си му се заблагодари на Путин и рече дека Путин во Кина е многу популарен.

На снимката објавена од Гардијан се гледаат двајцата лидери пред бела торта украсена со црвени и сини цветови, на кои со црвени кинески знаци е напишано „среќно“ и 66.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе